Сцена

Принцот Хари и Меган Маркл се прошетаа на плажата Бонди во Австралија

Војводата и војвотката од Сасекс на нивното прво брачно кралско патување во Австралија, се прошетаа по најубавата градска плажа на светот, Бонди.

Нивниот планер е прилично исполнет. Денес, на четвртиот ден од посетата на Австралија, откако вчера ја посетија ботаничката градина во Мелбурн, решија да ја посетат плажата Бонди.

На плажата ги пречекаа и ги следеа голем број фанови, а принцот се сретна со локалната сурф група One wave, и заедно ја поминаа Fluro Friday сесијата.

“Луѓе од различна возраст на оваа сесија споделуваат искуства за прашања за менталното здравје, комуницираат едни со други, уживаат вежбајќи јога и сурфајќи”, изјави службата за информации на Кенсингтонската палата.

Иако Хари и Меган не сурфаа, си дозволија себеси да шетаат малку покомотно и понеформално. Публиката ги пречека со аплаузи и овации.

По дружбата со сурферите, планирано е принцот Хари да го дигне официјалното знаме на игрите Invictus во Сиднеј, и да ги отвори светски познатите Invictus games.

Денот ќе го завршат со посета на премиерот во познатата куќа Kirribilli.

Слични написи

Ангелот на Victoria’s secret Lais Ribeiro мами погледни на плажата Ipanema во Бразил

admin

Кира Најтли проговори за мајчинството

Biba

Училишна тетратка на Пол Макартни е продадена на аукција за неверојатни 62.000 долари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.