Убавина

Совети за разубавување кои ќе ви помогнат да изгледате префинето и софистицирано

 

Експертот за етикеција и основач на Сиднејската школа за протокол Џули Ламберг Барнет, ги открива трендовите кои прават да изгледате префинето и софистицирано, како и оние заради кои изгледате “евтино”.

  • Маникир и педикир

Според Барнет, дамите кои имаат пари и изгледаат префинето, никогаш не ги лакираат ноктите во впечатливи бои. Наместо тоа, негуваат природен изглед на ноктите, а се разбира и кожата околу ноктите совршено е средена и негувана.

“Предолги, шпицасти нокти, нокти лакирани во силни и дречливи бои, подизваден и излупен лак, претерано декорирани нокти со кристали или 3д украси, сето тоа треба да го избегнувате по секоја цена ако сакате да изгледате префинето”, вели Барнет.

Сува кожа на рацете и изгрицкани нокти, исто така не изгледаат убаво и префинето, а истото важи и за испуканата кожа на петиците и за запоставените нокти на нозете.

  • Шминка

Природниот изглед, односно шминката која речиси не се гледа на лицето – тоа е она што прави да изгледате префинето, Меган Маркл или Марго Роби нека ви бидат инспирација.  “Без оглед на тоа колку шминка ќе нанесете, од клучна важност е да ја погодите нијансата на пудрата, коректорот и бронзерот, за да не изгледате евтино”, вели Барнет, додавајќи дека претерана и силна шминка никогаш не се советува.

Исто така, советува една иста шминка да не се користи со години. “Исто како и за фризурата, важно е да ја менувате шминката и да пробате различни козметички производи (според препорака на козметичар) за да изгледате младолико и свежо”.

И покрај тоа што е сега многу модерно и популарно, преголемите екстензии за трепки ќе направат да изгледате евтино, а истото важи и за претерано исцртаните веѓи и исцртување на устата над ивиците на усните.

  • Коса

Бујните локни кои изгледаат природно се заштитен знак на богатите и познатите – видете ја само фризурата на Кејт Мидлтон. Од друга страна, испуканите врвови и сува коса се непожелни ако сакате да изгледате софистицирано. Никако не треба да си дозволите ниту многу да подрасне косата ако ја фарбате.

Експертот за етикеција Ана Мејсон им советува на жените да обрнат посебно внимание на нега на косата ако сакаат да изгледаат префинето, и да се држат подалеку од најсветлите нијанси на боја. Таа советува косата и веѓите да имаат приближна нијанса на боја, затоа што не изгледа добро ако се офарбате светло руса, а имате црни веѓи.

Експертот советува и дека гумените ластичиња за коса се уште една работа која ќе го “поевтини” вашиот изглед.

“Носењето на иста фризура со години исто така не се препорачува, од време на време треба да го освежите вашиот изглед со некоја промена”.

Барнет додава и дека не изгледа убаво кога постари жени имаат предолга коса, и воопшто кога фризурата не одговара на возраста на личноста.

  • Кожа

Кога станува збор за кожата, претерано темен тен (кој не е природно темен), флеки од сончање или нанесување на крема за самопотемнување, оставаат лош впечаток.

Барнет уште советува и да избегнувате да зголемувате било кој дел од телото, а наместо тоа да водите повеќе грижа за забите, за да ви останат подолго бели и здрави.

 

Слични написи

Што значи SPF факторот на кремите за сончање и како правилно се користат

Biba

Како да ја заштитите кожата на лицето од сината светлина што ја емитираат дигиталните уреди

Biba

Најчести причини за појава на акни

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.