Автомобилизам

Porsche 711 Cayman T

Се привршуваат финесите на автомобилот од Porsche со ознака 711 Cayman T, и се очекува најскоро да се најде во производство.

Porsche 711 Cayman T доаѓа по верзијата 911 Т и се очекува на сопственикот да му даде прекрасно возачко искуство. Сепак нема да биде скап како GT верзијата. Ќе го заземе местото меѓу моделите Cayman S и Cayman GTS, и се очекува да го движи тјунирана верзија од 2,5 литарскиот, четири цилиндерски мотор со 360 KS.

За да се извлечат максималните перформанси намалувана е тежината од секаде каде што тоа дозволува. Се вградуваат потенки стакла, панелите од вратите се од текстил, елиминиран е аудио системот и со тоа е добиено намалување на тежината од 20 килограми.

Колекцијата на најбараните додатоци ќе бидат во серија, спортски издувен систем, спортски пакет кој го спушта возилото за 100 мм, како и 20 инчни тркала.

Сето ова укажува на тоа дека на овој модел му се ближи крајот на производството, а од производителот најавуваат дека до 2020 година се очекува појавување на комплетно нов модел.

Слични написи

Brabus 900 XLP – ѕверот со речиси 900 КС

dart

Шкода го освежи знаменосецот суперб

Biba

Kласика и луксуз споени во мерцедес 600 пулман

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.