Убавина

Најчести причини за појава на акни

 

За да го одберете вистинскиот начин да ги третирате акните, прво треба да знаете што ја предизвикува нивната појава.

Акните се карактеризираат со воспаление на кожата и формирање митесери, црнки и мозолчиња, кои обично се појавуваат на лицето, вратот, деколтето, горниот дел од грбот, рамената и на рацете. Овие делови од телото се најподложни на акни затоа што тука има најголема концентрација на лојни жлезди. Вишокот на маснотии од кожата треба да се излачува преку нејзините пори, но порите понекогаш се блокирани од фоликулите на влакното, нечистотии и мртви клетки. Овие нечистотии во комбинација со вишокот себум можат дополнително да ги затнат порите и така да предизвикаат појава на акни.

Поради кои сè причини можат да се појават акни?

Хормони. Андрогените хормони ги поттикнуваат лојните жлезди засилено да лачат маснотии. Момчињата и девојчињата во пубертет кои поминуваат низ драматични хормонални промени се особено подложни на појава на акни.

Исхрана. Исхраната која содржи многу блага, пржена или процесирана храна, може да го влоши проблемот со акните.

Стрес. Стресот го поттикнува телото да произведува одредени хормони и да го зголеми нивото на токсини во телото, што може да предизвика појава на акни.

Лекови. Некои лекови кои содржат состојки како бромид, литиум, кортикостероиди и слично, е докажано дека предизвикуваат акни. Овие лекови не треба да се користат истовремено со лекови против акни.

Облека. Тесни капи, заштитни шлемови, тешки прерамки на торби или маици тесни околу вратот, ја изложуваат кожата на притисок и предизвикуваат триење. И облека направена од материјали кои не ѝ дозволуваат на кожата да диши, исто така може да предизвика појава на акни.

Лоша нега на кожата. Триење, копање, стискање или кое било друго лошо чистење на кожата само ќе го влоши проблемот со акните.

Фактори од околината. Загадениот воздух, влагата и сонцето можат негативно да влијаат на кожата и да предизвикаат проблем со акни.

Гени. Акните можат да бидат наследни. Децата чии родители имале акни, имаат поголеми шанси и самите да ги добијат.

Шминка. Некоја шминка, особено онаа на база на масло, може да ги затне порите и да го влоши проблемот со акните. За среќа, денес постојат шминки, кои всушност, ги лекуваат акните.

Контрацептивни таблети. Жените кои пијат контрацептивни таблети или престануваат да ги користат, можат да имаат проблеми со акни заради влијанието на таблетите на нивото на хормоните.

 

Слични написи

Хидрираната кожа старее побавно

Biba

Маникирот на иднината постои и доаѓа во спреј

dart

Пет правила на Марија Антоанета за убавина кои важат и денес

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.