Сцена

Училишна тетратка на Пол Макартни е продадена на аукција за неверојатни 62.000 долари

 

Една од училишните тетратки на легендата на Битлси, Пол Макартни, на аукција е продадена за 62.000 долари. Тетратката била по предметот англиска книжевност, кој Пол го изучувал додека бил ученик во средното училиште за момчиња Liverpool Institute School for Boys, во Ливерпул.

Tетратката содржи 22 страници со есеи на теми како што се епската поема на Џон Милтон “Изгубениот рај” и новелата на Томас Харди “Враќањето на домородецот”. Од оценките што ги добил, може да се заклучи дека Макартни бил повеќе од солиден ученик.

“Наддавањето траеше 15 минути и беше најдолгото што некогаш сме го имале”, изјави за BBC Карен Ферведер од аукциската куќа Омега. “Имаше двајца купувачи кои навистина ја сакаа тетратката, па цената ја зголемувавме за 200 фунти (265 долари). На крајот кога се продаде, имаше голем аплауз”, додава Ферведер.

 

Слични написи

Моќниот Тор се повлекува од Холивуд

Biba

За Елизабет Харли годините не значат ништо

Biba

Blood Red Roses, новиот албум на Род Стјуарт

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.