Забава

Паб во Англија ќе ви плати за да пиете пиво кај нив

Ако трошите многу време и пари на пиво по кафулиња, кафеани и клубови, ланец на пабови од Англија има решение за вас.

Имено, ланецот пабови Hungry Horse кој има повеќе од 200 пабови низ цела Англија, нуди плата од 500 фунти за некој кој во нивен паб ќе пие пиво, ќе игра пикадо и паб квизови. Во описот на работното место се бара вработениот да биде добар во пикадо и во играње квизови, да сака да се дружи и да пие пиво.

Трикот е во тоа што после забавата мора да поднесете извештај на управата што сте доживеале во текот на “работниот ден”, што било добро а што лошо и слично. На овој начин компанијата сака да ги подобри условите за посетителите на пабовите па заради тоа бараат различни типови на пивопијачи.

Слични написи

По кој редослед старее човечкиот организам

Biba

Во Јапонија е продадена најскапата туна на светот

admin

Irene O’Shea стана најстарата жена што скокнала од авион со падобран

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.