Автомобилизам

Porsche Panamera GTS

После долги најави Porsche ја прошири понудата на својот луксузен автомобил со GTS верзија, со која е пополнета празнината помеѓу стандардната и најјаката верзија на Panamera. Верзијата GTS ќе може да се купи и со каросериската верзија Sport Turismo.

И во двете каросериски верзии Panamera ќе ја придвижува 4 литарски V8 biturbo мотор кој располага со 460 ks и со вртежен момент од 620 Nm, што е доволно за максимална брзина од 292 km/h, и 289 km/h за верзијата со каросеријата Sport Turismo. Забрзувањето до 100 km/h е за 4.1 секунди и просечна потрошувачка од 10,3 литри на 100 километри.

Стандардно е опремена со рекалибрирано воздушно адаптивно бесење, 20 инчни тркала и Sport Chrono пакет. Преносот е на двете осовини. Автоматски менувач со 8 степени на пренос со 2 кумплунга. Деталот кој го одвојува од останатите верзии на Panamera е ознаката GTS на каросеријата.

Друго од опремата поседува инструмент табла со TFT дисплеј, нов head-up дисплеј, облоги од кожа.

Цената на оваа верзија во Германија е 138.493 евра, а за верзијата Sport Turismo е 141.349 евра.

Porsche Panamera GTS

 

 

 

 

Porsche Panamera GTS Sport Turismo

Слични написи

Најдобрите автомобили на светот за 2018 година

Biba

Русите не престануваат да изненадуваат

Biba

Manhart го преработи Audi – RS Q8

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.