Автомобилизам

Manhart го преработи Audi – RS Q8

RS Q8 е најбрзиот и најмоќниот SUV на Ауди досега.

АБТ ја откри својата верзија на SUV RS Q8, а тјунерите од Менхарт се придружија со свој модел.

Менхарт бара дури 280,000 евра за својата значително изменета верзија и ќе има само 10 копии со RQ 900 спецификации. Менхарт подготви широка палета за каросеријата, хауба со јаглеродни влакна со отвори, преден лип спојлер, прагови, проширување на калниците и заден дифузер направен од ист лесен материјал.

 

 

Дел од пакетот е нов сет од 23-инчни алуминиумски тркала со дводелни краци, како и нов издувен систем со четири завршни издувни цевки. Менхарт работеше и на суспензијата, така што RS Q8 е понизок за 30 mm. Внатрешноста може да биде обложена со кожа на Менхарт и Алкантара, а достапни се и специјални патосници и детали во злато.

Најголемите измени се направени под хаубата, каде е сместен 4.0-литарски битурбо V8 мотор кој повеќе не развива 592 КС и 800 Nm вртежен момент, туку 887 КС и 1.080 Nm. За да се справат со дополнителната моќ на моторот, се вградува подобрен осумстепен автоматски менувач преку кој моќта се пренесува на погонот на четири тркала Quattro.

 

 

Перформансите на RQ 900 не се познати, но познато е дека фабричкиот Audi RS Q8 достигнува „стотка“ за 3,8 секунди, до 200 за 13,7 секунди и достигнува максимални 305 км на час.

 

 

Благодарение на Менхарт, перформансите секако значително ќе бидат подобри.

Слични написи

Porsche 711 Cayman T

admin

Мазда останува фокусирана на развојот на моторите со внатрешно согорување

Biba

Ami One – концепт на градски автомобил од иднината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.