Спорт

Веселин Вујовиќ и неговиот револуционерен план за спас на ракометот

Црногорскиот ракометен експерт и тренер на Загреб, Веселин Вујовиќ, се залага за радикални промени во ракометот со цел овој спорт да остане конкурентен и да стане уште попривлечен за публиката.

Во интервју за „Спортске новости“, тој рече дека неговиот специфичен предлог е голот постигнат од десет метри да се смета како два, што ќе му овозможи на тимот со добри стрелци можност полесно да израмни, под услов да постигнуваат голови.

„Мојот предлог е погодокот постигнат од оддалеченост од 10 метри да се брои како два, што би им дало можност на екипите кои заостануваат. Тоа би ѝ дало на оваа игра сосема нова димензија, особено од шутерската страна“, рече Вујовиќ.

 

 

После тоа, тој изјави дека во ракометот може да се воведе и ВАР технологија, што сигурно би го намалило бројот на грешки.

„Исто така, мислам дека тимските напади мора да бидат ограничени до максимум 30-35 секунди. Технологијата е скапа, а ова не е богат спорт. Не сите фудбалски лиги имаат ниту ВАР технологија, но тоа го имаат Лигата на шампионите и другите големи натпреварувања. Со ова би се намалил бројот на грешки “, вели Вујовиќ и продолжува:

„Ако видам нешто на терен, тогаш би можел да ги повикам судиите да го проверат тоа, па ако грешам нека се докаже веднаш, да не ме казнат. Грешките не се шега“.

Слични написи

Финалето на СП во фудбал меѓу Хрватска и Франција го следеле неверојатни 1,12 милијарди луѓе

Biba

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат

admin

Што прави Жозе Мурињо по отказот од Манчестер Јунајтед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.