Спорт

Барселона без Дембеле против Ливерпул

 

Тренерот на Барселона Ернесто Валварде нема да може да смета на Дембеле за реванш натпреварот во полуфиналето на Лигата на шампиони против Ливерпул.

Направените прегледи во неделата покажаа дека Дембеле нема да може да заигра на реванш натпреварот против Ливерпул во Анфилд. Французинот ја доби повредата на biceps femoris мускулот на десната нога поради која ќе мора да паузира. Од Барселона не соопштија колкава ќе биде паузата на Дембеле.

Тој повредата ја доби во првата минута на саботниот натпревар, во кој Селта ја победи Барселона со резултат 2:0. Го замени младиот Алекс Коладо.

Ова е трета повреда на Дембеле во актуелната сезона, а во претходните две му страдаше истиот мускул на другата нога.

 

Слични написи

Буфон на прагот на потпишување на договор со PSG

Biba

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат

admin

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.