Автомобилизам

Русите не престануваат да изненадуваат

 

Русите со нивните технолошки и технички изненадувања континуирано нè изненадуваат.

Нивното најново техничко достигнување е Bentley Continental GT на гасеници и со тоа направија најлуксузен тенк на светот.

На прв поглед можеби целиов овој проект изгледа бизарно, но на руската група на инженери треба да им се честита, бидејќи ова чудо вистински функционира.

Возилото е наречено Ultratank и може да се каже дека името совршено му одговара.

Проектот е сè уште активен, бидејќи инженерите се сретнуваат со одредени проблеми кои чекор по чекор ги решаваат.

Моментално, Ultratank може да достигне брзина од 50 km/h, но Русите работат на тоа тој да може да ја стигне бројката од 100 km/h.

Како изгледа и како функционира Ultratank може да видите на видеата.

 

 

Слични написи

Volkswagen со план да произведува 300.000 електрични возила годишно

admin

Ferrari F8 Spider – полесен и појак од своите претходници

Biba

Power Division нуди Audi RS7 кој забрзува подобро од Veyron

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.