Забава

Пет одлични трикови за користење на алуминиумската фолија

Во секоја куќа се користи алуминиумска фолија. Списокот на корисни работи што можете да ги правите со неа е долг и помага да ви го олесни животот, а често може да ги замени другите скапи алатки. Затоа, погледнете што можете да направите со неа и како може да ви помогне:

1. Топчиња од фолија за помеки алишта. Направете топчиња од фолија и ставете ги во машината за перење заедно со облеката. Алиштата ќе бидат помеки и нема да бидат наелектризирани.

2. Сребрениот накит можете да го исчистите со фолија, само ставете парче фолија во вода со малку сол и гледајте како вашето сребро повторно станува сјајно.

3. Доколку немате жица или сте заборавиле да ја купите, може да ви помогне стутканата фолија.

4. За побрзо пеглање ставете ја фолијата помеѓу даската и облогата за пеглање, фолијата ќе ја загрее подлогата што ќе го забрза процесот на пеглање.

5. Кога бојадисувате врати и прозорци, рачките ќе останат добро заштитени доколку ги завиткате со фолија.

 

Фолијата можете да ја користите на многу начини, а најважна карактеристика е секако зачувувањето на топлината, па можете дополнително да ја загреете просторијата и да ја намалите сметката за парно ако ја ставите фолијата помеѓу ѕидот и радијаторот. Тоа ќе спречи топлината да влезе во ѕидовите и на тој начин просторијата ќе се загрее побрзо.

Слични написи

На Долни Сарај ќе ги свират безвременските хитови на „Пинк Флојд“

admin

Тајландската плажа од филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо ќе остане затворена за туристи до 2021 година

Biba

Неколку начини да ја користите пастата за заби низ вашиот дом

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.