Забава

Неколку начини да ја користите пастата за заби низ вашиот дом

 

Иако во поголемиот дел од домаќинствата пастата за заби се користи за хигиена на забите, таа може да има неколку корисни примени и во вашиот дом.

  • Отстранување на дамки. Пастата за заби не е добра само за отстранување на дамки од вашите заби, таа е одлична за отстранување на дамки и од други површини. Со своето нежно абразивно дејство може да отстранува дамки од боички и маркери од ѕидовите, мебел или од патиките. Постапката е едноставна, една лажичка паста за заби измешајте со една или два лажички вода и истријте ја флеката.
  • Полирање. Едно од основните својства на пастата за заби е и полирање на забите. Тоа својство може да се примени и за полирање и на предмети во домот. Полира не’рѓосувачки челик, накит или пластични садови.
  • Пополнување на дупки во ѕидовите. Ви препорачуваме да го применувате ова само на дупки кои не се поголеми од пет сантиметри.
  • Намалување на болка. Ако сте во потрага по средство кое ќе ви ја намали болката од гризнување од инсект или иритација, тогаш на гризнатото место втријте малку паста за заби. Исто така, пастата за заби делува смирувачки на отоци.
  • Чистење на дамки од кафе. Дамките од кафе се најиритантни и најтешки за отстранување, но пастата за заби се справува со нив многу лесно. Сè што треба да направите е да нанесете од пастата на површината што сакате да ја исчистите, да оставите да делува 15 минути и добро да истриете.

 

Слични написи

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Оптичка илузија ви открива дали сте романтични или склони кон изневерување

Biba

Денес е роденден на првото бебе создадено со помош на ин витро фертилизација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.