Забава

Тајландската плажа од филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо ќе остане затворена за туристи до 2021 година

 

Тропскиот тајландскиот рај кој стана познат по филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо во главната улога, ќе остане затворен до 2021 година.

Заливот Маја на островот Ко Фи Фи Ле во Андаманското Море беше привремено затворен минатата година откако официјалните лица пријавиле дека наездата од туристи во тој предел сериозно ѝ наштетиле на околината. Пред да се затвори, заливот го посетувале до 6000 луѓе секојдневно, што довело до уништување на речиси сите корални гребени во областа.

Властите сега ја продолжија забраната за посетители за две години, за да му дадат повеќе време на екосистемот да се опорави.

Плажата се прослави во 2000 година во истоимениот филм со Леонардо Ди Каприо во главната улога.

Професорот Тон Тамронгнавасават, кој е советник во тајландското Министерство за национални паркови, за BBC во јануари изјави дека кога паркот повторно ќе се отвори, ќе биде ограничен бројот на посетители и ќе биде забрането да се укотвуваат бродови и чамци во заливот.

Локалните туристички оператори, од друга страна, велат дека зависат од таа плажа. Оттаму бараат да бидат слушнати нивните барања за да може локалното население да продолжи да заработува од туризмот во заливот.

Откако беше затворен минатата година, повторно се забележани коралните ајкули со црни врвчиња на перките како пливаат во водите на заливот.

 

 

Слични написи

Doctor Sauer Зoo Фест во скопската Зоолошка градина

dart

Најскапото мало место во САД

Biba

Најдобрите градови за страсните љубители на кафе

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.