Гастрономија

Најбрзиот намаз од лук

Потребни состојки:

100 г омекнат путер

1-2 чешниња лук, ситно изрендани или исечкани

2 мали лажички ситно исечкан магдонос (опционално)

Ако ви се брза и немате време да сечкате, наместо свеж лук ставете 1 лажиче лук во прав и 1/4 лажиче кромид во прав.

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги путерот, лукот и магдоносот заедно во мал сад. Зачинете со малку сол (ако користите несолен путер) и црн пипер.
  2. Сервирајте го намачкан на потпечени лепчиња, пица или со тестенини. Чувајте го намазот во фрижидер најмногу една недела.
  3. Друг предлог за сервирање е да го намачкате на лепчиња чиабата, да изрендате одозгора пармезан и кратко да ги потпечете во рерна на 180 степени Целзиусови.

На здравје!

Слични написи

Спанаќ потпечен со сирење

Biba

Лазањи со модар патлиџан

Biba

Брза супа со пилешко месо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.