Сцена

На Нетфликс доаѓа петтата сезона од „Круната“

Најпопуларната оригинална драма-серија на Нетфликс, „Круната“ (The Crown), треба да се врати на малите екрани со својата петта сезона во ноември 2022 година. Во новата серија ќе глумат Имелда Стаунтон како кралицата Елизабета II, Џонатан Прајс во улогата на принцот Филип и Елизабет Дебицки ќе ја глуми принцезата Дијана.

Во претходните четири сезони во улогата на Елизабета II беа Клер Фој и Оливија Колман, а во улогата на принцот Филип беа Мет Смит и Тобиас Мензис. Елизабет Дебицки ќе ја преземе од Ема Корин улогата на принцезата Дијана.

Петтата сезона ќе го следи животот на кралицата низ 1990-тите. Некои значајни настани што се случиле во тој период се разводот на три од нејзините четири деца, период кој кралицата го нарече „ужасна година“. Настани од глобално значење што ќе бидат опфатени во новата сезона ги вклучуваат Договорот од Мастрихт и независноста на Хонг Конг. Најзначајниот настан во 1990-тите во кралскиот живот беше смртта на принцезата Дијана во 1997 година. Калид Абдала е избран да ја игра улогата на Доди Фаед, партнерот на Дијана во 1997 година, кој загина заедно со неа во сообраќајна несреќа.

Питер Морган ќе продолжи да ги пишува сите епизоди и во петтата сезона, а сè уште не се знае кој ќе седне во режисерското столче. Во очекување сме на трејлерот за најновата сезона на „Круната“.

Слични написи

Од Марвел до Тарантино – филмови што ќе ги гледаме во 2019 година

Biba

Новата идеја на Американската филмска академија наиде на критики

admin

Мадона го одложи појавувањето на новиот албум за 2019 година

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.