Сцена

Новата идеја на Американската филмска академија наиде на критики

Американската филмска академија сака да воведе нова категорија за доделување на Оскар – постигнување во популарен филм. Со ова се отвара пат за наградување на блокбастерите, кои досега баш и не го наоѓаа патот до наградите за Оскар.

Ова предизвика лавина на негативни реакции во филмските кругови.

Објаснувањето на Американската филмска академија е дека како и многуте други промени изминатите 90 години, така и оваа промена има за цел подмладување на членството и публиката која според рејтинг факторите оваа година е со најмал број. Некои од филмаџиите ја нарекуваат оваа категорија “утешна”, бидејќи наместо да го добијат називот најдобри, ќе се задоволат со називот најпопуларен.

Критериумите за номинирање во категоријата „популарен филм“ сè уште се во изработка, но извесно е дека не само следната, туку и годините што следат награди би добивале научно-фантастични филмови, филмовите со супер-херои, акционите филмови.

Ова решение Американската филмска академија го донела без да се консултира со поширокото членство, внатрешно во своите органи и тела.

Некои од членовите на своите твитер профили пишале шеговито дека би можеле да се воведат и дополнителни категории како: „најсекси вонземјанка“ или „најдобро фрлање со нож“.

Доколку острите реакции продолжат, можно е Филмската академијата да ја повлече одлуката.

Останува да видиме.

Слични написи

Адел го напушти интервјуто откако новинарот рече дека не го слушал нејзиниот нов албум

dart

Познатата манекенка на 67 години изгледа феноменално

Biba

Кијану Ривс е новото заштитно лице на модната куќа Ив Сен Лорен

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.