Сцена

Познатата манекенка на 67 години изгледа феноменално

Иман Боуви, една од најубавите манекенки на светот, продолжува да воодушевува со својот младешки изглед и на 67-годишна возраст.

Фотографите ја снимија пред студиото на CBS во Њујорк. Таа носеше розов џемпер со надуени ракави и виолетови панталони. Изгледот го комплетираше со високи потпетици.

Иман гостуваше во емисијата на Гејл Кинг, каде што зборуваше за нејзиниот прв документарен филм наречен „Supreme Models“, кој зборува за расизмот на кој се изложени многу модели во оваа индустрија.

Иман беше муза на бројни дизајнери, меѓу кои Џани Версаче, Тиери Муглер, Келвин Клајн, Дона Каран и Ив Сен Лоран. Таа беше во брак со легендарниот Дејвид Боуви од 1992 година до неговата смрт во 2016 година.

„Сè уште се сметам себеси за мажена. Пред неколку дена едно лице го нарече Дејвид – мојот покоен сопруг – на што му одговорив: ‘Не, тој не е мојот покоен сопруг. Тој е мојот сопруг’. Нашата љубов продолжува да живее во моето сеќавање“, изјави таа неодамна.

Слични написи

Анџелина Џоли се враќа во Maleficent: Mistress of evil

Biba

Фановите на Квин конечно ја дочекаа филмската премиера на Боемска Рапсодија

Biba

Мадона шокираше со своето појавување на Греми наградите

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.