Забава

Експресно разладете шише вино со помош на еден трик

За брзо да оладите шише вино потребно ви е само кујнска крпа и седум минути. Ова може да се направи и со кујнски хартиени бришачи, но влажната крпа се покажала како поефикасна. Доколку гостите ви дојдат на ручек во недела, а сте заборавиле да го разладите виното, овој трик ќе ви биде добредојден. Можете да го користите во која било друга пригода и за секое вино.     Сè што ви треба е кујнска крпа. Натопете ја добро со вода, но не ја стегајте. Поставете ја на површината и завиткајте го виното во неа. Ставете го шишето во крпата во замрзнувач 7 минути. Вашето вино е разладено и подготвено за сервирање, пишува Бизнис инсајдер, кој го спроведе овој експеримент.

Слични написи

Работи што најверојатно не сте ги знаеле за Порше

Biba

За што сè може да се користи брашното, освен за готвење?

admin

Знаете ли зошто кучињата имаат опашка?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.