Здравје

Големите епидемии низ времињата што убија милиони луѓе

Човештвото денес се соочува со пандемија која не се памети  во модерните времиња, и иако луѓето се надеваат на вакцина која ќе го запре вирусот КОВИД-19, факт е дека повеќето инфекции со кои се соочиле нашите предци сè уште се со нас.

Во голема анализа на Би-Би-Си направен е преглед на епидемиите што го мачеле човештвото уште низ вековите, како и начините на кои тие завршиле.

Чума – црна смрт

Една од најпознатите пандемии на човечката раса била токму онаа предизвикана од чумата, болест која уште се нарекува и црна смрт. Се пренесува од глодари на луѓе, а е најпозната по средновековната епидемија во која загинале над 75 милиони луѓе. Од оваа болест умираат околу 70 проценти од луѓето кои ќе заболат.

Првата позната епидемија на чума се случила во 541 година.

Се верува дека болеста конечно е ставена под контрола со строг карантин и подобрени санитарни услови. Сепак, случаи на чума сè уште се јавуваат и денес – повеќе како исклучок отколку како правило.

Сипаници – епидемија запрена од науката

Болеста се јавувала низ историјата преку големи епидемиски бранови, од кои најраната била забележана во 1250 година. Сипаниците предизвикани од вирусот variola minor се една од најсмртоносните болести познати кај луѓето.

Предизвикувала гнојни чиреви низ целото тело, а стапката на смртност била околу 30 проценти. Оваа болест нема животински домаќин и се шири меѓу луѓето по капков пат.

И таа убила милиони луѓе како и чумата, а се проценува дека само во XX век од неа починале околу 400 милиони луѓе. Благодарение на вакцината развиена во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер и напорите на научната заедница, болеста е денес речиси искоренета, иако траела речиси два века, а нејзини примероци се чуваат во лаборатории.

До денес, оваа болест останува единствената што е искоренета на овој начин.

Колера – болест на сиромашните

Позната како болест што се појавува првенствено во сиромашните земјите, најголемата епидемија ја бележи во 1817 година.

Таа е предизвикана од пиење контаминирана вода, а според СЗО, убила над милион луѓе во седум различни епидемии. Предизвикувачки агенс е бактеријата vibrio cholerae, а подобрената хигиена и санитација на Западот целосно ја елиминирале нејзината закана. За жал, истото не може да се каже за посиромашните делови на Африка – каде што сè уште убива помеѓу 100 000 и 400 000 луѓе годишно, и покрај достапноста на вакцини и постојните терапии за оваа болест.

Грип – болест која не стивнува

Епидемии на грип се случиле во неколку наврати од 1800-тите до денес. Најголем бил таканаречениот шпански грип, кој во краток период од 1918 до 1919 година убил 50 до 60 милиони луѓе од оваа многу заразна болест, што претставува повеќе жртви од убиените во Првата светска војна.

Лекции за шпански грип

Тој бил предизвикан од вирусот Х1Н1, а како и денешниот коронавирус, пренесувањето се забавувало со изолација и карантин. По 1920 година, овој специфичен вид на вирус исчезнал или ослабнал во неговите бенигни верзии, кои мачат секоја година.

Но, следеле други пандемии на грип. Грипот од Хонг Конг во 1968 година убил милион луѓе и исто така продолжува да циркулира како сезонски грип. Свинскиот грип – варијанта на вирусот Х1Н1, зарази околу 21 процент од светската популација во 2009 година.

Грипот продолжува да биде „опасност од пандемија“, вели професорот Стивен Рајли од Кралскиот Колеџ во Лондон, а исто така имаме ризик од заразување со сезонски грип, кој сè уште убива стотици илјади секоја година.

ХИВ / СИДА – континуирана епидемија

СИДА-та од моментот кога беше идентификувана однесе 35 милиони животи. Вирусот ХИВ кој предизвикува СИДА веројатно еволуирал од вирус на шимпанзо, кој бил пренесен на луѓето во Западна Африка.

ХИВ може да се смета за „најлош вирус“, вели проф. Рајли, поради должината на времето потребно за развој на симптомите и високите стапки на смртност. Се шири брзо затоа што луѓето не мора да знаат дека го имаат.

Вирусот избувна низ целиот свет, а СИДА-та беше пандемија до крајот на 20-от век. Сега околу 64 проценти од проценетите 40 милиони жители со ХИВ живеат во субсахарска Африка.

Со децении за болеста немаше познат лек, но лековите развиени во 90-тите години сега им овозможуваат на луѓето кои страдаат од оваа болест редовно да се лекуваат и да имаат нормален живот, а две лица се излекувани од ХИВ од почетокот на 2020 година.

САРС и МЕРС – претходно познати коронавируси

Заканата од овие вируси се појавува со епидемија во 2002 година, но не беа пријавени нови случаи на крајот на јули 2003 година, и СЗО ја прогласи глобалната епидемија за завршена.

Нешто подоцна дојде Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), исто така коронавирус, во кој загинаа 912 лица. Повеќето случаи беа на Арапскиот Полуостров.

Иако ризикот од заразување со вирусот познат како MERS-CoV во Велика Британија, на пример, се смета за многу мал, тој сепак е поголем на Блискиот Исток – со луѓе кои обично се заразуваат од камили.

SАRS уби нешто повеќе од 800 луѓе и беше првата смртоносна епидемија предизвикана од коронавирус.

Тековната епидемија на КОВИД-19, вирус без преседан

Новата епидемија на вирусот КОВИД-19 се покажа како позаразна од претходната – иако смртноста е помала, ширењето е побрзо и полесно како резултат на недостаток на симптоми кај голем број заразени лица. Вирусот се смета за еволуирана верзија на вирусот САРС од 2003 година.

Експертите сметаат дека инфекцијата е специфична поради широкиот спектар на симптоми – од никакви симптоми до смртоносни – и високото ниво на пренесување од страна на луѓе без симптоми или пред да ги развијат. Ова е причината зошто имало проблеми со контролата на епидемијата на болести низ целиот свет.

Досега починаа повеќе од милион луѓе од овој вирус – но вкупната смртност ќе биде многу поголема, велат експертите. Ако потрагата по вакцина и ефективни третмани продолжи, ризикот останува реален за огромното мнозинство од светската популација.

Што е следно?

Коронавирусот што сега циркулира во нашите заедници е само последниот во долгата низа пандемии предизвикани од нови патогени, како што се вируси или бактерии.

Зголеменото знаење за преносот, кампањите за јавно здравје, новите третмани и вакцините ја одиграа својата улога во запирање на претходните кризи.

Крајот на играта за тековната пандемија, исто така, најверојатно ќе дојде од комбинација на слични мерки. Иако „безбедна, високоефективна“ вакцина може да стави крај на пандемијата, не постои гаранција дека тоа ќе се случи. Наместо тоа, можеби ќе треба да научиме да живееме подобро со него, бидејќи развиваме одредено ниво на отпорност кон болеста.

„Дефинитивно за пет години, а се надевам и порано, или ќе имаме добра вакцина или болеста ќе биде веќе присутна така што ќе акумулираме колективен имунитет доволен за да се појават само локализирани случаи на епидемија и инфекции“, вели професорот Рајли.

Иако новиот коронавирус е многу предизвикувачки поради високото ниво на асимптоматска трансмисија, проф. Рајли е оптимист дека „неверојатната“ глобална потрага по решение ќе победи.

  • Светот никогаш порано немал заеднички проект. Се надевам дека во одреден момент ќе стане заеднички успех – вели тој.

Сепак, паметно е да се потсетиме дека повеќето патогени микроорганизми кои ги мачеле општествата во пандемии во минатото, сè уште се присутни. Како што заврши кризата, вирусите и бактериите – и нивните последователни инфекции – останаа.

Слични написи

Како да се справите со нискиот притисок

Biba

Сушењето алишта во затворен простор не е воопшто безопасно

Biba

Слушањето музика на работното место може да биде многу корисно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.