Автомобилизам

I.D. Buzz Cargo

 

Фолксваген, во Хановер, на Саемот на комерцијални возила, ја претстави футуристичката верзија на комерцијалното возило со назив I.D. Buzz Cargo.

Според спецификациите возилото ќе го придвижува електромотор со сила од 201 кс, кој силата ќе ја црпи од литиум-јонски батерии вградени во подот.

I.D. Buzz Cargo ќе се нуди во неколку верзии на батерии, во зависност од потребите.  По новиот WLTP протокол батериите ќе испорачуваат автономија од 330-550 километри. Со батерии од 111 кв/ч ќе има автономија од 550 километри. За потребите на градска достава, за кратки и средни релации најдобар избор ќе биде батерија со моќност од 48 кв/ч, бидејќи за 15 минути ќе може да се наполни до 80% од капацитетот.  На кровот од I.D. Buzz Cargo се наоѓа соларен модул со чие користење автономијата ќе се зголеми за 15 километри дневно.
Во I.D. Buzz Cargo може да се смести товар до 800 килограми. Долг е 504,8, широк 197,6, а висок 196,3 сантиметри. Вратите му се отвораат со електричен погон преку авторизација на дигиталниот клуч пратен од мобилен уред, а кога ќе се отвори задната врата може да се извлече работна маса и возилото да се претвори во работилница.
Со него добивате комплетна мобилна работилница.

Слични написи

Претставен е новиот Seat Leon

Biba

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Porsche 711 Cayman T

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.