Забава

Пет занимливости за петок 13

 

Потеклото на верувањето за “баксузот” на петок 13 не е познато. Целата работа можеби потекнува уште од библиско време, бидејќи тринаесеттиот гостин на тајната вечера бил човекот кој го предал Исус.

Еве пет занимливости поврзани со петок 13:

  • Стравот од петок 13 е еден од најчестите стравови и тој има и стручен назив – параскевидекатриафобија.
  • Многу болници немаат просторија со број 13, некои облакодери немаат 13-ти кат, а некои аеродроми понекогаш го прескокнуваат излезот број 13.
  • Американскиот претседател Френклин Рузвелт не патувал на 13-ти во месецот, ниту пак имал 13 гости на масата.
  • Некои француски ресторани доколку добијат барање за 13 гости, ангажираат професионално лице да биде 14-ти гостин.
  • Марк Твен еднаш бил 13-тиот гостин кај пријател и пријателот му рекол дека за жал нема да може да присуствува, бидејќи имало храна само за 12 лица.

Петок 13 и самиот број 13 ја имаат таа несреќа да бидат жигосани како малерозни.

 

 

Слични написи

Тоалетната хартија ги уништува шумите

Biba

Рекламно видео од 50 фунти стана вирално

Biba

Изборот на домашен миленик го открива вашиот карактер

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.