Автомобилизам

Суператрактивниот концепт на ауди

 

Ауди го претстави новиот концепт на возило со назив AI:TRAIL Quattro, возило кое носи дизајнерски новитети и решенија за идните SUV модели.

 

 

Огромните теренски гуми, транспарентни делови кои ја зголемуваат видливоста, речиси целосно стаклен и проѕирен покрив, се само дел од новитетите и решенијата кои ги носи овој концепт на ауди.

 

 

Она што е специфично за овој концепт е тоа што возилото нема стандардни фарови, туку има дронови кои се позиционирани на покривот и на барање на возачот може да полетаат и да го следат движењето и осветлувањето на теренот. Исто така, дроновите го снимаат возењето и теренот и во реално време го прикажуваат на дисплејот во кабината.

 

 

Погонот, се разбира, е електричен, составен од 4 електромотори кои заедно даваат моќ од 435 коњски сили и со сигурност овозможуваат одлични маневарски особини.

Според проценката од Ауди, возилото би имало автономија од 500 километри на асфалт и 250 километри на груби терени, а брзината е лимитирана на 130 км/ч.

 

 

 

Слични написи

Autobest за „Best Buy Car of Europe 2021“ му припадна на новиот сеат леон

Biba

Мерцедес го претстави AMG CLA 45 Shooting Brake

Biba

Норвешка е рекордер по бројот на продадени електрични автомобили

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.