Забава

Тоалетната хартија ги уништува шумите

 

Според анализата што ја спроведе магазинот “Ethical consumer”, големите производители на тоалетна хартија, наместо да го усовршуваат процесот на рециклирање за потребите на изработка на тоалетна хартија, тие сѐ повеќе користат дрвна пулпа од исечени шуми и со тоа директно придонесуваат за намалување на шумите.

Трендот на производство на луксузна четирислојна хартија секојдневно уништува сѐ повеќе дрва. Хемикалиите што се користат за производство на хартијата од дрвна пулпа се поагресивни и поштетни отколку хемикалиите што се користат за рециклирање на веќе користена хартија.

“Нема потреба да сечеме шуми за да направиме тоалетна хартија, но токму тоа се случува. Со оглед на тоа што вниманието на потрошувачите е насочено кон намалување на потрошувачката на пластика, некои од големите брендови намалија, па дури и престанаа да користат рециклирана хартија за производство на тоалетна”,  вели Алекс Крамби, истражувач за “Ethical Consumer”.

Во истражувањето е издвоена компанијата Kimberly-Clark, еден од најголемите светски набавувачи на тоалетна хартија. Трендот на намалување на употребата на рециклирана хартија е јасно видлив кога ќе се споредат бројките низ годините: во 2011 година, на пример, речиси 30 % од вкупниот удел на влакната во тоалетната хартија на Kimberly-Clark биле рециклирани. Меѓутоа, во 2017-тата тој процент опаднал на 23,5 %.

Според извештајот на Greenpeace од 2017, голем дел од шведските шуми биле исечени за производство на оваа тоалетна хартија. Организацијата тогаш предупреди дека шумите се загpoзени поради растот на побарувачката на дрвни суровини.

“Ethical Consumer” предупредува и да не се верува на ознаката FSC, за која и онака малку од потрошувачите се свесни. Најголем дел од тоалетните ролни користат ознака FSC mix. Тоа значи дека хартијата е произведена од FSC мешавина, односно од мешавина на рециклирано и ново дрво од „контролирани извори“. “Ethical Consumer” тврди дека тоа не треба да ја смирува совеста на потрошувачите, бидејќи најголем дел од шумите не се целосно FSC сертифицирани.

 

Слични написи

Најплатените јутјубери во светот за 2019 година

Biba

Состојка што ја одбива прашината во домот

dart

Најдобрите дестинации за љубителите на чоколадо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.