Забава

Состојка што ја одбива прашината во домот

Тајната лежи во само една состојка која треба да ја додадете во водата при чистење.

Сигурно сте слушнале за глицеринот и неговата употреба во медицината, козметологијата, прехранбената индустрија и земјоделството, но тој е ефикасен и многу корисен во одржувањето на домаќинствата на неколку начини.

Чисти подови

За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, додајте неколку капки глицерин во кофа со вода.

Ослободете се од прашината на долг рок

Во сад со вода сипете малку глицерин, натопете ја крпата и избришете ги површините низ станот. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Оваа метода на чистење се користи во музеите.

Дамки на облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја дамката по половина час.

Чистење прозорци

Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Ниту прашината ниту нечистотијата нема да се лепат на вашите прозорци долго време.

Одржување на кожен мебел

Ако сте го изгребале кожниот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Доколку е потребно, повторете ја постапката два до трипати.

Слични написи

Што се случува ако во автомобилот оставите шише со вода

Biba

Денес е Светскиот ден на смеењето

Biba

Fiat 500 си доби место во престижниот Музеј за современа уметност во Њујорк

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.