Гастрономија

Чизкејк салата со јагоди

Потребни состојки:

220 г крем сирење

1/2 чаша шеќер во прав

1 чаша слатка павлака

1 лажичка екстракт од ванила

900 г сечкани јагоди

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и ванилата, да добијат мазна и кремаста конзистенција.
  2. Во друг сад изматете ја слатката павлака, потоа префрлете ја во садот со изматеното крем сирење и измешајте со миксер на најниска брзина да се изедначат.
  3. Во оваа мешавина додајте ги јагодите, нежно измешајте и десертот сервирајте го во садови. Декорирајте го со парчиња сечкана банана или кокос и послужете го веднаш.

На здравје!

 

Слични написи

„Пијан“ коктел од лубеница кој одлично ќе ве разлади

dart

Чоколадно колаче во тегла

Biba

Брзо непечено чоколадно колаче

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.