Гастрономија

Салата од спанаќ со прелив од афион

 

Потребни состојки:

4 чаши измиен млад спанаќ

4 чаши измиена и крупно исечкана крцкава марула

1 чаша исечкани печурки

220 г сланина, испржена и искршена на парченца

Прелив:

1/4 чаша вински оцет

1/4 чаша исечкан црвен кромид

3 лажици шеќер

3/4 лажичка сол

1/4 лажичка сенф

1/2 чаша масло од репка

1 лажичка семе од афион

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад искомбинирајте ги спанаќот, марулата, печурките и сланината.
  2. Во блендер ставете ги оцетот, кромидот, шеќерот, солта и сенфот. Блендајте со постепено додавање на маслото во тенок млаз. Преливот префрлете го во сад за сервирање и додајте го семето од афион во него.
  3. Салатата поделете ја во шест чинии за сервирање и одозгора полејте ја со преливот.

На здравје!

 

Слични написи

Печени пиперки во сос од лук

Biba

Плескавици од компири

Biba

Колаче со банани

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.