Гастрономија

Шведски чоколадни бомбици

 

Потребни состојки:

4 чаши овесни снегулки

1 1/4 чаши шеќер

1/2 чаша какао

1 чаша омекнат путер или маргарин

2 лажици сварено јако кафе

1 лажичка екстракт од ванила

30 г чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и какаото. Додајте го омекнатиот путер и мешајте (може да мешате со рака) додека да добиете густо “тесто”. Додајте ги кафето, ванилата и стопеното чоколадо и повторно измешајте, да добиете еднолична смеса.
  2. Од смесата формирајте бомбици кои ќе ги валкате во кокос, мелени/сечкани ореви или лешници, шеќер (кристал или во прав), чоколадни трошки или нешто друго по ваш вкус.
  3. Бомбиците може да ги сервирате веднаш или ставете ги 2 часа во фрижидер да станат поцврсти, па потоа сервирајте ги.

На здравје!

 

Слични написи

Макарони во сос од печурки

Biba

Колаче со кајсии

Biba

Шпагети со петминутен сос од домати

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.