Убавина

Направете релаксирачка детокс купка по напорниот ден

 

Правењето на сол за капење во домашни услови е едноставно, и ако решите некому да ја подарите ќе биде воодушевен. Алкалната база на солта ја неутрализира киселоста на кожата.

Сол за релаксација. Во сад ставете 400 грама чиста крупна морска сол и додајте 10 капки етерично масло по избор. Состојките помешајте ги и оставете ги да се исушат. Потоа имате корисна сол за капење и релаксација во када. Внимавајте односот да е 40 грама сол на една капка етерично масло.

Детокс купка. Ако сакате да направите детокс купка, помешајте една лажица сода бикарбона, 100 грама крупна морска сол, 10 мл масло од кантарион направено во маслиново масло, 5 капки масло од коморач, 5 капки етерично масло од рузмарин и 5 капки етерично масло од лимон и смесата додајте ја во водата за капење.

Купка за несоница. Несоницата, исто така, може да се отстрани со релаксациона купка наречена “купка за лека ноќ”. Помешајте 100 мл соина павлака или две жолчки, 5 капки есенцијално масло од лаванда, 15 капки масло од мандарина и една лажица ладно цедено масло од кајсија, бадем или маслиново масло. Состојките добро измешајте ги и додајте ги во водата за капење.

 

 

Слични написи

Пластична хирургија без употреба на скалпел и без лузни

Biba

Пијалок за кожа како од фотошоп

dart

Како да ги отстраните темните подочници за време на зимскиот период

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.