Психологија

Честото досадување може да ви го скрати животот

 

Стручњаците тврдат дека постојаното чувство на досада може да ги зголеми шансите порано да го напуштите овој свет.

Научниците Ани Бритон и Мартин Шипли од Универзитетот на Лондон, предупредуваат дека досадата сама по себе нема да ве убие, но може да биде симптом на други облици на ризично однесување како што е пушењето, претераното пиење алкохол, експериментирањето со дрога и психолошки проблеми.

Тие анализирале прашалници кои помеѓу 1985 и 1988 година ги пополниле 7500 луѓе вработени во јавни служби. Испитаниците кои биле на возраст од 33 до 55 години, одговарале на прашања како што е „Чувствувате ли досада на работното место?“. Научниците потоа проучувале колку од овие испитаници умреле до април 2009 година. Тие што одговориле дека се досадуваат, имале 2,5 пати поголеми шанси да умрат од проблеми со срцето.

Други научници сметаат дека и покрај тоа што ова истражување било прелиминарно, врската помеѓу досадата и зголемените проблеми со срцето е и тоа како возможна, ако не и директна. „Некој на кого му е ужасно досадно, веројатно нема да има мотивација правилно да се храни, да вежба и генерално здраво да живее. Овие лица имаат зголемени шанси за кардиоваскуларни болести“, објаснува д-р Кристофер Канон од Универзитетот Харвард.

Тој додава и дека бидејќи досадата се доведува во врска со депресијата, ни најмалку не изненадува тоа што овие луѓе се поподложни на инфаркт. Депресијата се смета за ризичен фактор за развој на срцеви болести. Канон нагласува дека кога некоја личност се досадува, тоа доведува до лачење на опасни хормони кои влијаат негативно на срцето.

 

 

Слични написи

Зошто сакаме да се преплашуваме со хорор филмови

Biba

Социјална анксиозност

admin

Емоционално прејадување

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.