Психологија

Колку е вистина дека интелигентните луѓе се посреќни кога се сами

 

Дали некогаш сте посакале да отидете некаде многу, многу далеку, каде што нема жива душа и каде што би живееле потполно сами? Ако одговорот е потврден, се чини дека сте натпросечно интелигентни, барем така тврди најновото истражување.

Вистина ли е дека луѓето кои се сами се посреќни?

До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и Факултетот за економија и политика во Лондон, а главна идеја била да се најде поврзаност меѓу местото на живеење и степенот на задоволство од животот.

Резултатите покажале многу интересна работа: колку се со повисока интелигенција луѓето што живеат во големите градови, толку се помалку среќни. Додека поголемиот број луѓе се среќни и задоволни кога се опкружени со пријатели, високоинтелигентните луѓе најдобро се чувствуваат кога се сами.

Зошто е тоа така?

Научниците сугерираат дека се чувствуваме непријатно во поголеми заедници, затоа што нашиот мозок е сè уште еволуциски прилагоден за работа во групи од максимум 150 луѓе. Значи, колку е човекот поинтелигентен, толку понепријатно се чувствува во големи групи.

Се поставува прашање – зашто повеќето луѓе поубаво се чувствуваат во друштво на пријателите. Затоа што пријателството нè усреќува, ги задоволува нашите потреби за љубов и приврзаност, дава чувство дека сме некому потребни и пружа прилика за размена на искуства.

Тоа не значи дека интелигентните луѓе се несреќни во друштво, туку дека можат да најдат мир и спокојство и тогаш кога се сами. Така можат подабоко да ѕирнат во својата суштина, да го погледнат светот од друга перспектива и да се одморат од постојаното брзање.

 

Слични написи

Поаѓањето во градинка не мора да биде стресно

Biba

Секое четврто лице страда од ментално нарушување

Biba

Честото досадување може да ви го скрати животот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.