Психологија

Секое четврто лице страда од ментално нарушување

 

Во денешно време стотици милиони луѓе ширум светот се соочуваат со некакво ментално, невролошко или нарушување во однесувањето.

Светската здравствена организација (СЗО) изнесува податок за повеќе од 450 милиони луѓе кои моментално страдаат од некакво ментално или невролошко нарушување, што ги става менталните нарушувања на прво место како причина за лошо здравје и инвалидност ширум светот. Од нив, повеќе од 154 милиони страдаат од депресија, повеќе од 25 милиони боледуваат од шизофренија, 91 милион луѓе имаат проблеми со алкохолот, а 15 милиони жители на нашата планета имаат проблем со дрога.

Постојат третмани за овие нарушувања, но две третини од луѓето со познато ментално нарушување никогаш не бараат помош. Стигмата, дискриминацијата и запоставувањето ги спречуваат луѓето да бидат соодветно згрижени и да добијат третман, велат од СЗО.

Тие го истакнуваат загрижувачкиот податок дека секој четврти човек на планетата боледува од некакво ментално нарушување, но повеќето од нив заради погоре наведените причини не се дијагностицираат, па затоа не се ни лекуваат.

СЗО вели дека овие луѓе најчесто имаат лош квалитет на животот, изложени се на социјална изолација, а не треба да се заборави и фактот дека кај нив е зголемен и бројот на смртни случаи.

Кога формулата на СЗО би ја примениле на наши услови, добиваме бројка од фрапантни 500 000 луѓе кои страдаат од некакво ментално или невролошко нарушување во Македонија.

Депресивните нарушувања се наоѓаат на четврто место на листата на глобални болести, а се очекува до 2020 година да бидат на второ место, веднаш по исхемичната срцева болест.

Во извештајот на СЗО, понатаму, се вели дека над 80% од луѓето кои страдаат од шизофренија можат да бидат ослободени од релапси по една година третман со антипсихотици комбинирани со семејна поддршка. До 60% од луѓето со депресија можат да се опорават со соодветна комбинација од антидепресиви и психотерапија. До 70% од луѓето со епилепсија можат да се ослободат од нападите ако се третираат со едноставни, евтини антиконвулзивни лекови.

Одговорноста за преземање активности на ова поле е на владите. Во моментов, повеќе од 40% од државите немаат никаква политика за ментално здравје, повеќе од 30% немаат програма за ментално здравје, а 25% од државите немаат закони за менталното здравје.

 

Слични написи

Зошто сакаме да се преплашуваме со хорор филмови

Biba

Добрата организација е облик на грижа за самите себе

Biba

Социјална анксиозност

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.