Психологија

Особини на луѓето кои сакаат да читаат книги

 

Студијата што ја направиле на Универзитетот Кингстон во Лондон покажува дека има поголема веројатност луѓето кои сакаат да читаат книги да се однесуваат на социјално прифатлив начин отколку луѓето кои повеќе сакаат да гледаат телевизија. Највисоко ниво на емпатија покажале лицата кои најмногу читаат драми и книги со романтична тематика, додека пак оние кои преферирале да читаат книги со научно-фантастична содржина покажале најпозитивно социјално однесување.

Најуспешни во односите со другите луѓе се покажале оние кои најмногу читаат комедии, а читачите на експериментални книги покажале вештини за одлично да ги проценат работите од различни перспективи.

Какви други карактеристики поседуваат луѓето кои често читаат?

Умеат квалитетно да го поминат своето време. Книгата во раце покажува дека некој знае како квалитетно да го искористи слободното време. Овие луѓе можат со часови да живеат во светот на ликовите од книгата и да бидат среќни и покрај тоа што не се во друштво.

Имаат подобри аналитички способности, што е корисно во секојдневното снаоѓање во животот. Луѓето кои читаат умеат подобро да ги согледаат ситуациите и проблемите, и да најдат соодветно решение.

Од нив можете многу да научите. Луѓето кои го сакаат читањето се полни со информации, знаат јасно и прецизно да објаснат што сакаат, а освен тоа се и совршени за учество во квизови.

Многу се љубопитни. Гладни се за животот, полни со приказни и најразлични искуства. Во нивно друштво е многу интересно затоа што секогаш сакаат нешто ново и забавно.

Слушаат внимателно. Ако можат со часови да седат и да читаат, веројатно можат и трпеливо и со внимание да ве ислушаат кога имате нешто да им доверите.

Добро паметат детали. Помнат кога некој има роденден, што сакате а што не… Животот со љубителите на читањето е полесен затоа што секогаш помнат што треба да се купи.

Се обидуваат да ги сфатат луѓето околу себе. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат да читаат, особено научна фантастика, се обидуваат да сфатат што го навело ликот од книгата на некое одредено однесување. Тие истото тоа го практикуваат и во секојдневниот живот.

Лесно може да им се одбере совршен подарок. Не мора многу да размислувате што да им подарите за роденден, Нова година, годишнина… Добра книга за нив секогаш ќе биде убав подарок.

Сакаат активности надвор од домот. Сакаат да бидат дел од случувањата во светот, во својот град, во својата улица… Луѓето кои читаат почесто излегуваат на избори, посетуваат културни настани и се поангажирани во својата заедница.

 

Слични написи

Честото досадување може да ви го скрати животот

Biba

Плачењето помага да се намали стресот

admin

Како влијаат на здравјето познанствата со луѓе на високи позиции

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.