Гастрономија

Триаголници со сирење и спанаќ од готови кори

Потребни состојки:

1 пакување готови кори за пита

300 г сирење

200 г ситно исечкан спанаќ

2 јајца

сол по вкус

вода и масло за премачкување

малку кисело млеко

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги сирењето, спанаќот, јајцата, солта и малку кисело млеко. Смесата треба да биде доволно густа за да не се истура кога ќе ја мачкате на корите.
  2. На работната површина раширете една кора и премачкајте ја со мешавина од вода и масло. Преклопете ја на половина по должина, повторно премачкајте и преклопете по должина да добиете еден долг правоаголник. Потоа премачкајте го од двете страни.
  3. Нанесете од смесата со сирење и спанаќ по целата должина на кората во тенок слој и посипете со мешавината од вода и масло. Свиткајте ја така што ќе го земете левиот крај на кората, ќе го превиткате со цик-цак движење, потоа истото на десно и така додека не стигнете до крајот на кората. Целта е да се добие форма на триаголник. Повторете ја постапката со сите кори сè додека имате од смесата со сирење и спанаќ.
  4. Триаголниците распоредете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со зејтин или стопен путер и печете ги 30-40 минути на 180 степени Целзиусови.

На здравје!

Слични написи

Коктел џин-тоник

Biba

Торта со шери, суво грозје и бадеми

Biba

Топла салата од киноа и зеленчук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.