Здравје

На што треба да внимавате кога ќе одите на одмор

Без разлика дали ќе одите на плажа или ќе пливате во локалниот базен, големи се шансите дека ќе сакате да се разладите во вода ова лето. Се предвидуваат високи температури бидејќи јужна Европа ја зафати топлотен бран и температурите ќе се искачат до 49 степени.

Разладувањето е најголем приоритет за сите, а покрај ладните пијалаци, седење под сенка и покривање со капи и очила за сонце, потопувањето во ладна вода нуди пријатна релаксација.

Следуваат неколку работи на кои треба да внимавате ако летото го поминувате покрај вода.

Опасност од лизгање

Сите се сеќаваме од нашето детство колку страните на базените можат да бидат лизгави, а детските базени на дување исто така можат да бидат опасни. Лизгањето е поретко кога се наоѓаме крај отворени води бидејќи обично има трева, чакал или песок на работ на водата, но базените се направени од пластика и нивните страни mожат да претставуваат опасност од лизгање. Затоа, ако вие или вашите деца влегувате, излегувате или шетате покрај базенот, не трчајте и осигурајте се цврсто да газите со стапалата.

Шок од ладна вода

Ова се случува кога вашето тело сè уште не е навикнато на ладната вода, па нагло вдишувате и се задишувате. Кога ќе влезете во водата пулсот и крвниот притисок ви се покачуваат. Недостатокот на воздух не е проблем на суво, но во вода може да хипервентилирате и брзо да се најдете во сценарио на давење.

Кога влегувате во вода, направете го тоа на плитко место каде што можете полека да ги спуштите стапалата, наместо да скокате директно во длабока вода. На овој начин, ако доживеете шок од ладното, можете да станете и да вдишете длабоко додека дишењето не се врати под контрола.

Хипотермија

Постојат пет фази на хипотермија, но како општо правило важи дека е време да излезете кога повеќе не чувствувате студ. Симптомите може да вклучуваат збунетост, поспаност, мавтање со рацете, тресење и бавни реакции. Ако се сомневате на хипотермија, веднаш излезете од вода и полека загревајте се од центарот на телото кон надвор. Земете топол пијалак, соблечете ја влажната облека, покријте се со ќебе.

Сè што ги надминува првите две фази на хипотермија може да биде фатално, затоа побарајте лекарска помош ако не сте сигурни.

Грчеви

Грчеви може да се појават во ладна вода бидејќи вашето тело немало време да се загрее, а мускулите се грчат кога им е ладно. Грчевите не се ништо страшно на копно, но онеспособеноста и болката во водата може да го направат беспомошен дури и највештиот пливач.

Најчесто се јавуваат во нозете и стапалата, па затоа е важно во вода да влегувате полека и да се аклиматизирате пред да почнете да пливате, за да не бидете ранливи.

Осип на кожата и уртикарија не се добива од ладна вода, но се случуваат кога кожата е изложена на на студ – во овој случај, ладна вода. Во основа, тоа е алергиска реакција на температурата на водата и иако не е премногу сериозна, антихистаминиците можат да помогнат.

Слични написи

Со мали измени во исхраната до поздрав дигестивен систем

Biba

Кои се најчестите прашања и одговори за миење на забите?

dart

Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.