Убавина

Сите предности на кокосовото масло во служба на негата и убавината

Повеќето козметички производи содржат кокосово масло. Поради киселините содржани во него, тој е многу ефикасен за нега на кожата и косата, бидејќи овие киселини ги убиваат габите и го смируваат воспалението.

Фризерите советуваат дека најдобро е да се користи чисто, сурово масло од кокос, затоа што е сосема природно и има многу нежен ефект врз вашата коса и скалпот, пишува Elle.com.

Според дерматолозите, кокосовото масло е најдоброто нешто за да се смири воспалената кожа и да се врати во нормала затоа што брзо се апсорбира во епидермисот. Кокосовото масло содржи витамин Е, есенцијални аминокиселини, лауринска и каприлна киселина.

Кокосовото масло генерално содржи заситени масти кои се одлични при санирање на оштетената кожа и исто така можат да ја задржат влагата во кожата. Прилично е лесно како масло, но луѓето со кожа склони кон акни треба да го избегнуваат. Постојат многу начини да се користи кокосовото масло: од мелеми за усни, маски за коса, до навлажнување на телото, ноктите, чистење на кожата, како средство за отстранување на шминка и масажа на лицето.

 

 

Кокосовото масло е одличен навлажнувач за вашата коса. Интензивно ја хидрира и особено добро делува на природно кадравата коса.

Што се однесува до рацете, експертите тврдат дека кокосовото масло е еден од најхранливите природни мелеми за раце, а најдобро од сè е тоа што е природно и ефтино.

Неговата предност е во тоа што има антибактериски својства кои можат да помогнат во искоренување на првут и одржување на хидратација на скалпот.

Ако вашата коса е особено сува или оштетена, користењето на кокосово масло како маска во текот на ноќта е одличен начин да ги хидрирате прамените.

Едноставно загрејте неколку лажици масло од кокос, а потоа нанесете го на вашата коса, обрнувајќи особено внимание на краевите. Потоа ставете капа за туш. Ќе се разбудите со неверојатно мека коса.

Експертите тврдат дека кокосовото масло не може да го забрза растот на косата, туку само помага косата да изгледа поздрава.

Слични написи

Преку исхрана до сјајна и чиста кожа

Biba

Намирници за поздрава кожа

Biba

Како да ги отстраните темните подочници за време на зимскиот период

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.