Сцена

Дури и во карантин, Џејсон Момоа секојдневно тренира со своите деца

За време на неодамнешното појавување во шоуто „Елен“, актерот Џејсон Момоа зборуваше за поминување доволно квалитетно време со своите две деца, синот Накоја-Волк (11) и ќерката Лола (12). Тој објасни дека обајцата добро се прилагодуваат на животот во карантин, посетуваат виртуелно училиште и на тој начин имаат контакт со пријателите. Покрај тоа, Момоа ја презема улогата на тренер и дома редовно тренира со своите деца. „Мислам дека тие навистина го сакаат тоа и сигурен сум дека сакаат да ме имаат дома да го поминуваме времето заедно. Фала му на Бога што ги имаат своите наставници, почит кон нив. Јас сум тука за некоја акција, качување по sидови, користење на лак и стрела“, вели Момоа.
  Во март, Момоа на Инстаграм го објави своето видео од „Мананало предизвикот“ на Лола, во кое таа фрлаше секира кон целта додека возеше велосипед без да застане. Тренингот со своите деца му помага и на актерот да остане во форма, затоа што во повеќе наврати изјави дека не ужива особено во диети и вежбање, особено кога станува збор за интензивна физичка трансформација, како што се бараше во филмот „Акваман“.

Слични написи

Натали Портман топлес во реклама на Диор

admin

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

Со своите 56 години Деми Мур позираше гола за магазинот Harper’s Bazaar

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.