Убавина

Знаци кои покажуваат дека користите погрешна крема за лице

 

Негата на лицето е многу важен чекор во личната хигиена и едно од најосетливите подрачја, затоа што многу брзо покажува ако некаде грешите. Препаратите кои ги користите се пресудни за постојан и здрав тен. Посебно внимание треба да се обрне на нивниот состав, начин на делување и најважно од сè – како вашата кожа реагира на тој производ.

Само здравата кожа е убава кожа, затоа производите со кои ја третирате мора да бидат квалитетни и да одговараат баш на вашиот тип на кожа. Кремата е клучна состојка за нега на лицето, па како и останатите производи за нега на кожата, може многу да ве измачи додека ја најдете вистинската. Хидратантната крема е задолжителна без оглед каква кожа имате, затоа што на секој тип му е потребна хидратација и хранливи материи.

Често слушаме дека која било хидратантна крема да се купи не може да се погреши, но не е баш така. Со користење на погрешна хидратантна крема лицето многу брзо ќе покаже знаци кои не смеат да се игнорираат. Еден од првите сигнали дека кремата е погрешна, е црвенилото на кожата. Каква било иритација е знак за узбуна и подобро веднаш да престанете со користење на тој производ ако не сакате наскоро да го посетите дерматологот.

Ако имате осетлива кожа, пред да одберете крема најдобро е да се советувате со козметичар или со стручно лице.

Ако кожата изгледа суво, пука и се перута, тоа значи дека хидратантната крема што ја користите не ја врши својата работа. Треба да размислите и да истражите каде е проблемот. За почеток направете хранлив пилинг на кожата и земете производ кој содржи хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина е природна материја која кожата ја произведува за да остане хидрирана.

Мозолчињата и акните се уште еден показател дека со погрешна крема го негувате лицето и во ваков случај најдобро е да побарате совет од дерматолог, наместо сами да се обидувате да ја подобрите состојбата. Мозолчињата и акните означуваат акутно воспаление и со нестручно ракување ситуацијата може дополнително да се влоши.

Најдобра превенција на какви било нуспојави е константно да ја следите состојбата на кожата и за најмали промени, и да користите квалитетни производи кои ќе ја нахранат и хидрираат кожата, и на долг рок ќе ја одржуваат здрава и сјајна.

 

Слични написи

Сексот во функција на убавината

Biba

Природни маски за нега на кожата

Biba

Кремасти бронзери за заводливо лице

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.