Убавина

Природни маски за нега на кожата

Маските за лице можат да се купат во сите поголеми супермаркети и парфимерии и на нив да се потрошат многу пари, но можете и сами да ги направите дома и не само да заштедите, туку и да го негувате лицето со природни состојки без користење на штетни хемикалии.

Седум природни маски за лице

Банана. Ова е едно од најхранливите овошја, затоа што содржи големи количини на магнезиум, цинк, железо, јод, калиум и витамини А, Б, Е и Ф. Сето наведено влијае многу благотворно на кожата. Испасирајте една банана, нанесете ја на лицето како маска, оставете ја да делува 30 минути и потоа исплакнете ја со млака вода.

Белка од јајце. Протеините од белката се сушат на површината на кожата и со тоа постигнуваат ефект на затегнување. Изматете ја белката да стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте целосно да се исуши и потоа исплакнете го лицето со топла вода.

Грозје. Содржи моќни антиоксиданти наречени полифеноли, кои го успоруваат стареењето на кожата. Исечете на половина едно зрно грозје и со него истријте ја кожата на лицето. Оставете да се исуши и потоа исплакнете го со млака вода.

Јогурт. Содржи алфа-хидроксилни киселини и млечни киселини, кои најчесто се користат во производите за намалување на брчките. Освен тоа, богат е со витамини од Б комплексот, особено со Б5 или пантотенска киселина, која се користи за обновување на кожата. Лицето и вратот намачкајте ги со јогурт и по 15-20 минути исплакнете ги.

Маслиново масло. Одличен извор на сквален кој е природен навлажнувач и продира до најдлабоките слоеви на кожата. Содржи природни антиоксиданти (витамини А и Е), како и некои полифеноли. Нанесете малку маслиново масло на усните и на лицето навечер пред спиење и наутро исплакнете го.

Мед. Има својство да ја привлекува и задржува влагата во кожата и затоа е одличен за негување на сувата кожа. Лицето навлажнете го со крпа со топла вода за да се отворат порите. Намачкајте го со мед и оставете го да делува 15-30 минути. Потоа исплакнете го со топла вода и со тапкање избришете го лицето со пешкир натопен во ладна вода за да се затворат порите.

Жолчка од јајце. Полна е со витамин А кој е клучна состојка во производите против акни. Намачкајте ги лицето и вратот со жолчка, оставете ја да делува половина час и потоа исплакнете ја кожата со ладна вода.

 

Слични написи

Преку исхрана до сјајна и чиста кожа

Biba

Работи што треба да ги знаете за безбедно сончање

Biba

Најчести причини за појава на акни

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.