Психологија

Потиснувањето на лутината е лошо за срцето

Мажите кои тешко се справуваат со конфликтите имаат двојно повеќе шанси да добијат срцев удар или да умрат од срцеви болести.

Шведски научници објавија студија во која тврдат дека кај мажите постои силна поврзаност меѓу потиснатиот бес и болестите на срцето. Во истражувањето учествувале 2755 вработени мажи од Стокхолм, кои немале доживеано срцев удар кога почнало истражувањето.

Испитаниците биле прашувани како се справуваат со конфликтите на работното место, без оглед дали се работело за конфликти со соработниците, колегите или шефовите, односно, дали дозволуваат да им се нанесе неправда без да реагираат, дали имаат некои здравствени проблеми, како на пример главоболки, и дали се лошо расположени дома.

Истражувачите земале предвид и податоци за пушењето, пиењето алкохол, физичката активност, степенот на образование, дијабетесот, нивото на холестерол и задолженијата на работното место. Во текот на следните 11 години се собирале податоци за тоа кои мажи доживеале срцев удар или починале од срцева болест.

Се покажало дека мажите кои често потиснуваат лутина и бес имаат двојно поголеми шанси да добијат срцев удар или да умрат од последици на некоја срцева болест.

Научниците објаснуваат дека лутината ако не се изрази предизвика физиолошка напнатост, а тоа доведува до висок крвен притисок што на крај може да предизвика оштетување на кардиоваскуларниот систем. Ризикот е уште поголем ако мажите пушат и не се физички активни.

Слични написи

10 сензорни стратегии за поддршка на учењето на далечина за вашиот тинејџер

Biba

Премногу отворени прозорчиња на компјутерот влијаат негативно на расположението и на продуктивноста

Biba

Како менопаузата влијае на менталното здравје

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.