Психологија

Како менопаузата влијае на менталното здравје

 

Кога велиме менопауза, обично помислуваме на топли бранови и прекин на менструацијата, но тоа е многу повеќе од тоа.

Менопаузата е природен процес во животот на секоја жена. Со неговото доаѓање се случуваат многу промени во телото, а покрај оние видливи со голо око, не треба да заборавиме и на симптомите кои се „скриени“, а кои откриваат дека вашето ментално здравје е нарушено.

Тоа обично се случува на возраст од 45 до 55 години. Како што се намалува нивото на естроген, се случуваат различни хормонални промени, најчесто придружени со топли бранови, прекумерно потење, главоболки и слично.

 

Меѓутоа, хормоналните промени можат да влијаат и на менталната состојба, меѓу кои се и промените на расположението и анксиозноста.

Неколку студии спроведени претходно открија поврзаност помеѓу депресијата и менопаузата. Поверојатно е дека менопаузалната депресија се јавува кај жени кои претходно имале депресивни кризи, кај оние кои се занимаваат со стресна работа, кај жени кои многу пушат и кај жени кои се породиле по 40-тата година од животот.

Сè уште не е сосема јасно низ кои фази ќе помине жената во менопауза, но според истражувањата, 8 од 10 од нив до одреден степен ќе доживеат симптоми.

Покрај промените во расположението, жените може да се соочат со тешкотии со спиењето и недостаток на сексуален нагон, што може да има негативно влијание врз менталното здравје.

Недостаток на интерес за активности кои им даваат задоволство, чувство на вина и безвредност, но и самоубиствени мисли или размислување за смртта.

 

Слични написи

Златни правила за родителите на тинејџери

Biba

Наместо да го критикувате, обидете се да го насмеете вашиот тинејџер

Biba

Социјална анксиозност

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.