Психологија

10 сензорни стратегии за поддршка на учењето на далечина за вашиот тинејџер

На многу ученици им е добро учењето онлајн во овој момент, но она што го слушаме и гледаме кај тинејџерите е дека се уморни од наставата. Ова е поинаков вид на замор од вообичаената адолесцентна исцрпеност. Станува збор за нивниот нервен систем, кој се соочува со опасност од нурнување во мрежна средина до шест часа на ден (или повеќе) за часови и воннаставни активности, проследени со часови домашна работа – на нивните компјутери.

Еве список на идеи што родителите, старателите и тинејџерите можат да ги испробаат дома за да се справат со оптоварувањата и заморот за време на онлајн-наставата:

Експериментирајте со осветлувањето. Понекогаш амбиенталното светло е премногу силно. Обидете се со придушена работна ламба или преместете го компјутерот или лаптопот поблиску до прозорецот за да има повеќе природна светлина.

Уморни очи. Некои компјутери се затемнуваат со филтер за сина светлина и повеќето имаат функција „висок контраст“. Прилагодувањето на компјутерското осветлување и/или контрастот може да ги одмори очите.

Визуелни паузи. Охрабрете го вашиот тинејџер да прави чести визуелни паузи. Нека ги опушти очите во „панорамски“ поглед на неговата околина. Правејќи пауза од користењето на фокусираниот вид, детето може да се смири и да го намали оптоварувањето на мозокот.

Звук. Бидете сигурни дека вашиот тинејџер не се бори со надворешниот шум; слушалките се добар начини да се ограничат звуците што го одвлекуваат вниманието (притоа внимавајте на јачината на звукот).

 

 

Седење. Доброто седење не е важно само за телото, туку и за одржување на фокусот. Различни места за седење можат да му дадат доволно поттик на вашиот ученик за да остане ангажиран малку подолго. Идеите за седење вклучуваат: столица што се врти, фитнес (јога) топка за седење, стоење наместо седење, столче или комбинација од сето наведено.

Положбата на лаптопот или мониторот од компјутерот. Инвестирајте во квалитетна маса за компјутер или ставете предмет што ќе го подигне мониторот или лаптопот за да биде во ниво со очите и ќе ја позиционира тастатурата во подобра позиција за пишување.

 

 

Движење. Редовното движење помага при подготвување на мозокот за учење. Охрабрете го вашиот тинејџер да прави редовни паузи за да се раздвижи и што е најважно, да го слуша своето тело и да се движи кога ќе има потреба од тоа.

Закуски. Помогнете му на вашиот тинејџер со состави корпа за ужинка и бидете во близина. Неколку примери на закуски: јаткасто овошје, крекери, стапчиња моркови, пуканки, банана, суво овошје…

Крзнени пријатели. Размислете да му дозволите на вашиот тинејџер да има милениче во близина за време на онлајн-учењето. Ова може да обезбеди емоционална поддршка и сензорна пауза кога го четка и држи животното во раце, или со самото негово присуство.

Мирни апликации, веб-страници. Охрабрете го вашиот тинејџер да избере една или две омилени апликации за дишење, движење на телото или смирување на нервниот систем. Потоа нека ја сподели апликацијата со вас и можеби и двајцата можете да го започнете денот со водена медитација или длабоко дишење.

Уште нешто што треба да се разгледа кај тинејџерите е дека тие се толку социјално усогласени на оваа возраст и фаза, што гледањето на лицата на сите нивни соученици одеднаш може да биде доста интензивно. Знаејќи го ова, охрабрете ги редовно да одвојуваат момент за да погледнат настрана, да погледнат низ прозорецот и да го опкружат работниот простор со предмети како фотографии, цртежи или спомени што ги смируваат и тешат.

На крај, да бидете присутни кога му требате на вашиот тинејџер – е секогаш одлична стратегија за успех.

Слични написи

Зборови и фрази кои треба поретко да ги изговарате

Biba

Навики кои ќе го подобрат вашето ментално здравје

Biba

Бебињата го сакаат гласот на мама, но зборовите ги учат од тато

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.