Гастрономија

Орзото со зеленчук

 

Потребни состојки:

2 лажици маслиново масло

4 стебленца млад кромид, исечкани на тркалца

2 чешниња ситно исечкан лук

2 чаши тестенина орзо

1/2 лажичка сол

1/4 лажичка бибер

6 чаши топол бујон од зеленчук

220 г аспарагус, исчистен и исечен на парчиња долги 5-6 см

половина китка брокула, исечена на парчиња долги 5-6 см

2 помали тиквички, исчистени и исечени по должина на четвртинки долги 5-6 см

140 г смрзнат грашок

1/2 чаша исечкан кељ

1/2 чаша рендан пармезан

ситно изрендана кора од 1 лимон

1/4 чаша ситно исечкан магдонос

1/4 чаша ситно исечкан босилек

Овие состојки се доволни за 6 порции.

Начин на подготовка:

  1. Во длабока тава на средна температура ставете го маслиново масло. Кога ќе се загрее ставете го младиот кромид и пржете го околу 1 минута. Додајте го лукот и пржете уште 30 секунди.
  2. Додајте го орзотото и мешајте сè заедно околу 1-2 минути. Додајте го топлиот бујон, нежно измешајте и оставете го да зоврие.
  3. Оваа смеса нека врие 5 минути, потоа во неа додајте ги аспарагусот, брокулата, тиквичките и грашокот. Измешајте и оставете да врие околу 2 минути. Потоа додајте го кељот, пармезанот и кората од лимон. Измешајте убаво и оставете сè да се вари уште 2 минути.
  4. На крај додајте ги босилекот и магдоносот. Вака подготвеното орзото сервирајте го додека е топло, декорирано со рендан пармезан и свеж исечкан магдонос и босилек.

На здравје!

 

 

Слични написи

Мусака од модар патлиџан и леќа

Biba

Чипс од тиквици печен во рерна

Biba

Мексиканско кафе

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.