Технологија

Нова опција на Твитер

Твитањето станува поинакво. Од Твитер велат дека се решиле за новата опција затоа што корисниците претпочитаат да комуницираат усно, отколку во писмена форма, т.е. текстуално.

Корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат да снимаат кратки аудиозаписи што нивните следбеници ќе можат да ги слушаат. Записите ќе бидат објавени на Твитер-фидот, пишува американскиот бизнис магазин Блумберг.

 

 

Идејата е да се даде поголем простор за комуникација на корисниците, бидејќи во моментот е можно да се користат максимум 280 карактери во текстуален пост.

„Понекогаш не се доволни 280 карактери, а понекогаш има недоразбирање во комуникацијата“, објаснуваат од компанијата.

Времетраењето на аудиото ќе трае до 140 секунди. Овој начин на твитање во моментов е достапен само за корисниците на уредите на Apple. Голем број на корисници ќе можат да користат „аудио твитање“ во наредните недели.

Слични написи

Најизолираниот остров крие тајни стари 1000 години

Biba

Фејсбук го исполни ветувањето и ја овозможи функцијата за повлекување на веќе пратени пораки

Biba

Најлошите лозинки за 2018 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.