Технологија

Фејсбук го исполни ветувањето и ја овозможи функцијата за повлекување на веќе пратени пораки

Основачот и сопственик на Фејсбук, Марк Цукерберг, не е веќе единствениот човек што може да повлече веќе пратена порака на Фејсбук месинџер. Компанијата ќе ја овозможи оваа опција за сите корисници. Корисниците што ја имаат апликацијата на ИОС и наАндроид ќе можат да ја користат оваа опција откако ќе ја инсталираат новата верзија.

За да ја користи оваа опција, корисникот треба само да ја допре пораката во конверзацијата, да ја одбере опцијата “Remove” и ќе се појави додатно прашање дали корисникот сака да ја избрише пораката за сите ученици во конверзацијата или само за себе.

Сепак, постои услов. Оваа можност ќе биде достапна само десет минути откако е пратена пораката. По истекот на десетте минути опцијата за бришење на пораката нема да биде видлива.

Во Фејсбук, на опцијата за повлекување на веќе пратени пораки работат од април минатата година.

На почетокот, опцијата беше достапна само за одредени луѓе во Фејсбук, меѓу кои и Цукерберг, а потоа најавија дека најскоро ќе биде овозможена за сите корисници.

Слични написи

Пекинг го доби најголемиот аеродром на светот

Biba

Објавена листата на најмоќни мобилни телефони

Biba

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.