Здравје

Најопасната естетска операција

Желбата за голем задник кај жените станува сè попопуларна, а бројот на „бразилски подигнувања“ на задникот е повеќе од двојно зголемен во последните пет години, покажуваат истражувањата. Но, освен што е толку барана, оваа естетска операција носи и највисок ризик за смртни последици.

Американското здружение на пластични хирурзи потврди дека бразилското подигнување на задникот има најголема стапка на смртност од сите други естетски зафати.

Што е бразилско подигнување на задникот?

Бразилското подигнување на задникот е постапка со која се зголемува задникот и се постигнува позаоблен облик. Зголемувањето на задникот подразбира вбризгување на сопственото сало, а неговата популарност потекнува од Бразил, каде жените се познати по својата фигура во која доминира голем и заоблен задник. Оваа постапка дополнително ја прослави дерматологот Сајмон Оуриан, кој е заслужен за зголемувањето на задникот на Ким Кардашијан.

Сепак, вбризгувањето маснотии во задникот не е воопшто безопасно. Напротив, се смета за најопасната естетска процедура во светот бидејќи може да доведе до сериозни проблеми доколку се изврши на погрешен начин. Тие вклучуваат таканаречена масна емболија, нарушување кога маснотиите инјектирани во задникот влегуваат во крвотокот и го блокираат крвниот сад. Во белите дробови го спречува кислородот да влезе во крвотокот, додека во мозокот може да предизвика мозочен удар – и двете можат да бидат фатални.

Голема улога игра и количината на маснотии што се вбризгува. Иако повеќето хирурзи сметаат дека 300 мл се безбедната количина, други поискусни хирурзи користат многу повеќе. Сето ова може да биде многу опасно, особено ако количината е преголема, забележуваат експертите.

Зошто стапката на смртност е толку висока?

Студијата од 2017 година на 692 хирурзи од целиот свет ја истражуваше стапката на смртност кај женските пациенти кои подлегнале на бразилско подигнување на задникот. Во текот на нивните кариери, хирурзите пријавиле 32 случаи на смрт од масна емболија и 103 случаи без фатален исход. Сепак, експертите сметаат дека многу случаи остануваат непријавени.

Така, масната емболија неодамна беше идентификувана како водечка причина за смрт во естетската хирургија, со проценета стапка на смртност од еден на 3000, што е навистина алармантно.

Слични написи

Сообраќајната бучава е штетна за здравјето

Biba

Полови болести можат да се добијат и без секс

Biba

Намирници кои имаат многу долг рок на траење

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.