Сцена

Мила Кунис за болеста која нејзиниот сопруг го остави без слух и вид

Мила Кунис се отвори за неодамнешната битка на нејзиниот сопруг Ештон Качер со реткото автоимуно нарушување наречено васкулитис.

Качер ја откри својата болест за време на една епизода од „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“, велејќи дека претрпел двегодишна битка со ретка форма на васкулитис, што го оставила привремено неспособен да гледа или слуша.

Кунис изјави за „Entertainment Tonight“ дека парот морал заедно да „преживее“ страшен период.

„Мислам дека немаш време да седнеш и да разговараш, едноставно поминуваш“, рече таа, „Одиш и се справуваш со кој било здравствен проблем што ќе ти се појави, но сè уште имаш деца, сè уште имаш семејство, мора да го живееш животот. И мислам дека сме среќни што се имаме еден со друг“.

Качер во емисијата рече дека болеста му „го одзела видот, слухот и чувството за рамнотежа“ и додал дека му била потребна околу една година за да се опорави од сето тоа.

„Навистина не го цениме здравјето додека не го снема, додека не кажете: Не знам дали некогаш ќе можам повторно да гледам, не знам дали некогаш ќе можам повторно да слушам, не знам дали некогаш пак ќе можам да одам“, рече Качер и додаде: „Среќен сум што сум жив“.

Кунис и Качер се запознале на снимањето на „Шоуто од 70-тите“ во 1998 година, но почнале да се забавуваат дури во 2012 година. Тие имаат две деца, ќерката Вајат и синот Димитри.

Слични написи

Мет Гала во Њујорк донесе несекојдневни креации

admin

Металика донираше 250 000 долари за Детската онколошка клиника во Романија

Biba

Принцот Хари и Меган Маркл се прошетаа на плажата Бонди во Австралија

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.