Вести

Малите генијалци од натпреварот по ментална аритметика заминуваат на Олимпијада во Белград

 

Вчера (02 јуни), во скопското средно училиште „Никола Карев” се одржа првиот голем детски натпревар по ментална аритметика во организација на „Малац Генијалац”. На овој натпревар своето знаење и придобивките од Хикари програмата го покажаа повеќе од 150 дечиња на возраст од 4 до 12 години, кои секој во својата возрасна група се натпреваруваа во два дела, писмен и ментален.

Најдобро пласираните мали генијалци на менталниот и писмениот дел ќе заминат и на интернационално натпреварување, Олимпијадата по ментална аритметика во Белград, на која учествуваат повеќе од 2000 избрани генијални дечиња од повеќе европски држави.

Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од четвртата до дванаесеттата година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација. Техниката на ментална аритметика се заснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање.

Детето со вежбање ментална аритметика и работа со двете рачиња на абакусот развива повеќе функции во исто време: фокус, внимание, концентрација, меморија и визуелизација, што се главните цели на училиштето. Франшизата „Малац генијалац”, освен во Скопје, од септември своите врати ќе ги отвори и за другите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на нивниот фокус, концентрација и памтење.

Септемврискиот уписен рок е во тек за сите оние кои сакаат да бидат дел од успешниот тим на мали генијалци и покрај себе да имаат деца кои го менуваат светот.

 

Слични написи

Во Скопје ќе се одржи детски натпревар по ментална аритметика

Biba

Мајмунчето Коко се враќа во скопската зоолошка градина со нови пријатели

Biba

Голема роденденска забава во Скопје Зоо

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.