Вести

Во Скопје ќе се одржи детски натпревар по ментална аритметика

 

На 02.06. во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, двесте деца на возраст од 4 до 14 години ќе се натпреваруваат во ментална аритметика и ќе покажат кои се придобивките од оваа програма. Натпреварот ќе се одржи од 10:00-15:00 часот, а влезот за сите кои сакаат да навиваат и да видат што овие мали генијалци научиле, е бесплатен. Најдобро пласираните ученици, потоа ќе заминат и на интернационално натпреварување во Белград, каде што ќе учествуваат повеќе европски држави.

Во денешно време, кога се живее брзо, често слушаме од родителите дека децата немаат доволно внимание и лесно ја губат концентрацијата. Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од 4-та до 14-тата година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација.

Хитари програмата за ментална аритметика е јапонска метода која преставува колевка на оваа древна престижна дисциплина. Настанала како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други експерти од областа на образованието, а се заснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање.

Во Скопје постојат четири училишта за ментална аритметика. Франшизата „Малац Генијалац“ од септември своите врати ќе ги отвори и во останатите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај нив.

 

Слични написи

Скопската Зоолошка градина денес е домаќин на првиот Детски зоо маратон

Biba

Црвена јабука, Црнила ремикс и летно кино на отворено на „Summerland” 2019

Biba

Нулта толеранција за возачите во Грција со новите законски измени

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.