Вести

Мајмунчето Коко се враќа во скопската зоолошка градина со нови пријатели

 

Оваа пролет, морскиот лав Кан, покрај своите зоонегуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нирнберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот.  Новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоонегувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија.  Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни.

„Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои ѝ недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралелно започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини, и со реновирање на други живеалишта, како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“, изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

 

Слични написи

Нулта толеранција за возачите во Грција со новите законски измени

Biba

Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1

Biba

Во Скопје Зоо ќе се одржи забава за крајот на училишната година со ЏП и Стефонатор

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.